Овој понеделник во Мадрид во Театро Реал се одржа церемонија организирана од локалниот спортски дневен весник АС.
По тој повод Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар играч за врска на деценијата.
Кога капитенот на хрватската репрезентација излезе на сцената во ритамот на операта Риголето на Верди, беше пречекан со аплауз, а потоа му беше даден збор.
Водителот го праша дали ќе издржи уште многу години во професионалниот фудбал.
„Живеам во сегашноста, фокусиран сум на она што го имам сега, уживам во секој ден, тренинзи и натпревар. Моето расположение е многу добро и сум во најдобриот клуб на светот“, одговори Модриќ.