More

    Модерна тестира вакцина за заштита од варијантата омикрон

    spot_img

    Американската фармацевтска компанија Модерна соопшти дека во САД почна втората фаза од тестирање вакцина, што ја вклучува нивната против Ковид-19, но и потенцијална за заштита од варијантата омикрон.

    Новата двовалентна вакцина веќе ја прими едно лице, а се очекува да се вклучат околу 375 лица на 20 тестирачки места во САД, информираше Модерна, јави Хина.

    Извршниот директор Стефан Бансел тврди дека нивната платформа, базирана на технологијата mRNA, овозможува брзина и флексибилност во развивање вакцина, прилагодена на новите варијанти на вирусот.

    Од Модерна очекуваат вакцината да биде достапна веќе идната сезона за вакцинирање.

    Вакцината е наменета за лица постари од 18 години, кои се примарно вакцинирани и примиле бустер доза пред повеќе од три месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img