Американската компанија Модерна денеска објави дека побарала од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) итна дозвола за нејзината вакцина против Ковид за деца на возраст од шест месеци до пет години, објави Си-Ен-Ен.
Извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, истакна дека компанијата верува дека вакцината mRNA-1273 ќе може безбедно да ги заштити децата на таа возраст од коронавирусот.
Ниту една вакцина против Ковид не е одобрена за деца помлади од пет години во САД, потсети Си-Ен-Ен.
Питер Маркс, директор на Центарот за евалуација и истражување на биолошки препарати при ФДА, претходно оваа недела рече дека вакцините за мали деца се „еден од највисоките приоритети“, но призна дека на агенцијата и требаат целосни апликации од производителите на вакцини за да го заврши прегледот. .
Тој, исто така, најави дека ФДА ќе ја објави временската рамка за состаноците на советодавниот одбор следната недела, објави Си-Ен-Ен.