Моделот, инфлуенсерка и ќерка на легендарниот пејач Лајонел Ричи ја откри среќната вест за „Вог“ и додаде дека е бремена со девојче.
Софија досега успеваше да сокрие од јавноста дека е бремена.
– Бев бремена околу четири недели. Бев на патување во Милано за модната недела, а отидов и на ревијата на „Прада“. Се чувствував ужасно, но не размислував многу за тоа. Мислев дека е замор – рекла Софија.
Како што истакнала, планирала да оди на концертот на Ед Ширан. Меѓутоа, Софија знаела дека ќе биде таа вечер, па го направила тестот за бременоста, кој бил позитивен.
– Веднаш му реков на Елиот да влезе во автомобилот и да оди да земе уште три најдобри тестови за бременост што можеше да ги најде. Беше навистина возбуден. Разговаравме цел пат по телефон, а кога се врати дома, се обиде да ги заштити моите емоции и очекувања, па ми рече: ‘Ако овие се негативни, немој да се вознемируваш. Нашиот момент ќе дојде’. Кога ги погледнавме сите три теста во исто време, сите беа позитивни. И двајцата плачевме. Беше лудо и неодоливо. Елиот е многу заштитнички настроен, дури и со своите пријатели – изјавила Софија за „Вог“.
За потсетување, Софија се омажи за Елиот Грејнџ, син на музичкиот магнат и директор на „Јуниверзал мјузик“ Лусијан Грејнџ.