Моделот Бела Хадид повторно зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува откако се зарази со Лајмска болест пред 11 години во новото видео на ТикТок. Претходно изјави дека пред една година имала инфекција под забот што планира да го извади, а сега признала дека болката и се проширила низ телото.
„Болката од мојата вилица се прошири низ моето тело, насекаде по телото, низ сите мои лимфни јазли. Оваа болка“, рекла Бела. „Мразам да се гледам во огледало или да се фотографирам, особено во последно време, бидејќи постојано сакам да повратам кога ќе се погледнам. Години и години вака. Тешко е да се занимаваш со оваа професија, а притоа да се чувствуваш и изгледаш вака болно“, додала таа.
Таа рече дека чувствува дека станала „сосема друга личност“ откако се заразила со Лајмска болест.
„Никогаш немаше да успеам да ги направам овие снимки ако бев на работа или ако не се чувствував безбедно и мирно во мојата околина како што се чувствував во последните четири недели откако сум со мајка ми. Дадов се од себе да ви се јавам пред вадењето на забот. Ви благодарам што го гледавте ова и знаете нешто повеќе за мене. Тоа ми значи повеќе отколку што знаете, ме прави да се чувствувам поблиску до вас. Ве сакам сите“, им порачала Бела на своите обожаватели.
Инаку, манекенката и порано ги опишуваше своите симптоми, а набројала речиси 30 од нив со кои секојдневно се бори. Меѓу другото, таа ги спомена вознемиреноста, чувствителноста на светлина и бучава, болки во зглобовите и пецкање, а истакна и дека нема лек.