Мнозинството македонски граѓани се против уставни измени, според анкета на Детектор

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонските граѓани поддржуваат членство во ЕУ но не по цена на внесување на Бугарите во Уставот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања, Скопје.

Според него, доколку утре има референдум 60,2% од граѓаните ќе гласаат за членство во ЕУ додека 28,7% би гласале против.

Интересно е што анкетата оваа година покажува најголем број на граѓани кои би гласале против. Ова прашање го поставуваме веќе четврти пат во последните 5 години. Ако во 2019 против биле само 17,3%, денеска таа бројка порасна до 28,7%.

Најголем дел од граѓаните или 31,7% сметаат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, 18,1% очекуваат тоа да се случи во следните 5 години, 15,9% во следните 10, а 14,8% очекуваат влез во ЕУ во следните 15 години.

Сепак, повеќе од две третини од граѓаните се подготвени да го жртвуваат членството во ЕУ доколку до таму единствениот пат е внесување на Бугарите во Уставот.

69,5% од анкетираните сметаат дека новата Влада не треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот дури и по цена на одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија. Во спротивното, убедени се 21% од анкетираните.

Во таква ситуација, очекувано, 55,7% од граѓаните велат дека се против преговарачката рамка договорена со францускиот предлог, а поддршка даваат 28,1%.

Значителни се разликите по ова прашање меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 63,5% Македонци се против преговарачката рамка а поддршка даваат само 11,6%, кај етничките Албанци ситуацијата се спротивна. 55,9% од етничките Албанци даваат поддршка на преговарачката рамка креирана според францускиот предлог додека 22,7% се против.

Големо мнозинство граѓани или 60,3% велат дека се добро запознаени со францускиот предлог кој ја дефинира преговарачката рамка додека 37,6% велат дека не се. Етничките Албанците се сметаат за позапознаени со францускиот предлог од Македонците. 66,4% етнички Албанци и 58,6% Македонци сметаат дека се запознаени со францускиот предлог.

- Advertisement -
Ad image

Во таква ситуација, 54% од граѓаните сметаат дека оваа преговарачка рамка ја става Македонија во потчинета положба и претставува вовед во бугаризација на земјата додека 19,2% сметаат дека преговарачката рамка ги зема предвид повеќето од македонските барања и го гарантира македонскиот идентитет, бројки, кои се слични со оние од ланската анкета со благ раст на противниците на преговарачката рамка.

Според етничката структура на оние кои одговарале на прашањата, повторно големи се разликите меѓу Македонците и етничките Албанци. Кај Македонците 64% сметаат дека рамката ја става Македонија во потчинета положува и е вовед во бугаризација додека кај етничките Албанци ваков став делат само 18,2% додека 44,1% од анкетираните сметаат дека рамката ги зема предвид повеќето македонски барања и го гарантира македонскиот идентитет.

Близу половина од граѓаните или 49,1% сметаат дека преговарачката рамка може да биде променета додека 28,3% сметаат дека тоа не може да се случи.

- Advertisement -
Ad image

Споредбата со анкетата од лани покажува значителен раст на бројот на граѓани кои во моментов сметаат дека рамката може да се промени. Ако лани во промена на рамката верувале 37,1% од граѓаните денеска тој процент скокнал на 49,1%.

Дополнителни гаранции од ЕУ за мнозинството граѓани не се прифатливи како услов за промена на Уставот. 47,1% велат дека не би прифатиле да се смени Уставот и да продолжат преговорите доколку Македонија би добила дополнителни гаранции додека за 42,1% од граѓаните тоа би било прифатливо.

Граѓаните се поделени за прашањето дали со новата Влада ќе се надмине спорот со Бугарија и ќе почнат преговорите со ЕУ.

42% сметаат дека ќе се надмине додека 43,8% сметаат дека тоа нема да се случи.

Најголемиот дел од граѓаните или 37,7% сметаат дека спорот со Бугарија нема да се надмине.

22,7% сметаат дека тоа ќе се случи во следните 4 години, 17% следната година а само 4,2% се на ставот дека спорот ќе се надмине до крајот на оваа година.

Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје врз репрезентативен примерок од 1030 испитаници во периодот од 7 до 11 јуни.

Share This Article