Мнозинството Британци се против државата да го финансира крунисувањето на Чарлс Трети

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мнозинството Британци, 51 отсто, сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај, бидејќи трошоците за живот растат, покажа  објавеното истражување на јавното мислење во Велика Британија.

Само 32 отсто од испитаниците веруваат дека државата треба да го финансира крунисувањето на најстариот син на кралицата Елизабета Втора, која почина во септември, и крунисувањето на кралицата-сопруга Камила, покажа анкетата на ЈуГов.

Најкритични се младите на возраст од 18 до 24 години, од кои 62 отсто сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето. Тој процент се намалува на 44 отсто кај оние на возраст од 65 и повеќе, 46 отсто кај луѓето меѓу 50 и 64 години и 55 отсто кај оние од 25 до 49 години.

Британската влада и Бакингемската палата не објавија никакви информации за цената на крунисувањето. Се очекува да чини неколку десетици милиони фунти.

Крунисувањето на Елизабета Втора во 1953 година чинеше тогаш 912.000 фунти, што е околу 20,5 милиони фунти денес, додека крунисувањето на нејзиниот татко Џорџ Шести денес достигна 24,8 милиони фунти. Тоа беше најскапата церемонија во повеќе од 300 години.

Share This Article