Многу земји тешко ќе најдат замена за ограничената или блокирана испорака на руската нафта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Многу земји тешко ќе најдат замена за ограничената или блокирана испорака на руската нафта. Нејзиното поскапување ќе се одрази и на пазарите на земјоделски суровини, предупреди Банката за меѓународни порамнувања.

Основен проблем е големиот пазарен удел на руската нафта, оценува Банката, потсетувајќи дека Русија сочинува една десетина од светскиот извоз.

„Губењето руски нафтени деривати би било голем шок за глобалната економија. Малку е веројатно други производители да имаат доволно капацитети да го надополнат недостигот“, нагласува Банката во тримесечниот извештај, објавен во текот на вчерашниот ден.

Дополнително, вложувањето во истражување и експлоатација на нови нафтени извори сè уште е на претпандемиското ниво, се посочува во извештајот.

„Проблем е и планот на седумте водечки економии од Г7 за ограничување на цената на руската нафта со што треба да ѝ се намалат приходите на Русија, а со тоа и капацитетите за финансирање на војната во Украина“, нагласува Банката.

Со ограничување на рускиот извоз веројатно ќе следува остар и долготраен раст на цените, вклучувајќи ги и на храната, предупредуваат оттаму, затоа што маслодајните семиња и житариците повеќе ќе се користат за производство на биогорива како што се етанол и биодизел.

Share This Article