Младоженец бил убиен пред жена си и пред ќерка си

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa06881014 US music producer Quincy Jones makes the victory sign during a press conference on his participation in the 'Umbria Jazz' event, in Rome, Italy, 11 July 2018. On the occasion of Jones' 85th birthday, Umbria Jazz is presenting a show honoring him at the Arena Santa Giuliana in Perugia on 13 July. The festival runs from 13 to 22 July. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO
- Advertisement -
Ad image

Приказната за 37-годишниот Тајрек Бартон ја разбранува јавноста поради страшната трагедија која го заврши најсреќниот момент од неговиот живот.

На Тик-Ток се појави видео од свадбениот танц на Тајрек Бартон и од неговата долгогодишна партнерка Кјара Холовеј.

Двојката, која била заедно 16 години, решила да ја официјализира својата љубов на 12 октомври во Гринсборо, Јужна Каролина, објави порталот Јаху.

Она што требало да биде ден исполнет со радост завршило со трагедија која семејството и пријателите никогаш нема да ја заборават.

Истата вечер, нешто пред 21 часот, полицијата добила дојава за пукање во блискиот парк. Кога стигнале на местото на настанот, го пронашле Бартон во свечен костум, тешко ранет и облеан во крв.

Британи Бартон, неговата сестра, рекла дека Тајрек се упатил кон дома, мислејќи дека неговата сопруга веќе заминала. Кога ѝ се јавил, таа го замолила да се врати бидејќи не ѝ било јасно како одеднаш исчезнал. Додека тој се враќал кај неа, се случила несреќата.

На пат кон паркот, Бартон бил застрелан пред членовите на семејството, вклучувајќи ја ѝ неговата невеста, како и една од неговите ќерки.

Напаѓачот, кој сѐ уште не е познат, избегал од местото на настанот.

Семејството Бартон, кое сега минува низ незамисливи болки, се надева на правда и на одговор на прашањето зошто нивниот сакан Тајрек бил жртва на ова злосторство.

- Advertisement -
Ad image

Мајката на Бартон, Керолин, со солзи барала правда за неговата смрт и не сакала смртта на нејзиниот син да остане нерешена.

– Барам правда за мојот син. Не го заслужи тоа што му се случи – рекла таа со скршен глас.

Љубовна приказна меѓу двајца луѓе е претворена во вистински хорор филм.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article