Младите веќе си бараат поплатена и постабилна работа во странство

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не стивнува интересот за вработување во странство. За да се стигне до посакуваната земја се користат сите опции кои се на располагање, но од агенциите кои посредуваат за работа во странство велат дека секој што сака да стигне на легален начин и со гаранции, мора да поседува знаење и искуство за да ја добие позицијата за која е квалификуван и да биде сигурен дека може да смета да остане подолго на работа. Дополнително, многу е важно и познавањето на јазикот на земјата во која се оди.

Зоран Кочовски од агенцијата „Коузон“ вели дека моментално е актуелно заминувањето на цели семејства во странство, што главно се одвива надвор од нивното посредување.

– Вакви информации добиваме од луѓето кои преку нас заминале да работат во странство кои сигнализираат дека вo соседството веќе стигнеле и цели семејства од земјава. Но ние како агенции немаме информација колкав е бројот на вакви семејства кои се преселиле во одделни држави бидејќи вработувањето преку нас оди само по работни позиции за кои се добиваат и соодветните привилегии кај работодавачите – појаснува тој.

Од агенциите велат дека во странство заминуваат луѓе од сите категории на образование и обученост какви што се бараат во европските земји во кои има простор за вработување.

– На нашите огласи и селекција имаме најразлични категории работници кои аплицираат за работа надвор од земјава. Има и такви кои велат дека можат да работат сѐ, но тоа не е доволно да бидат селектирани и да го добијат работното место, бидејќи позициите бараат образование, квалитет на работа, искуство и познавање на јазик. Оваа категорија работници не може да добие работа во странство преку нас, бидејќи ние нудиме работни места со одредени гаранции познавања и критериуми. За нас е важно да понудиме работници кои одговараат на барањата на работодавачот за да не се случат проблеми подоцна и затоа правиме строги селекции во понудата. Да се задржи веќе добиеното работно место работникот треба да покаже успешност за да не биде вратен. Повратните информации говорат дека нашите работници главно се успешни во работата, продуктивни се и ги почитуваат правилата – вели тој.

Милан Џинлев од агенцијата за посредување при вработување во странство „Приорити“ која најчесто врши вработување на сезонци вели дека младите од земјава стануваат сѐ попребирливи при изборот на сезонска работа. За нив веќе не е интересно да работат во хотели, туку се обидуваат на најразлични начини да се оспособат за работа на поплатени работни позиции.

– За младите веќе не е интересно да работат како угостителски работници во регионот каде што изминатиот период имаше голем интерес. Тие сфатија дека со повисока подготовка, односно со неколкумесечен курс за ИТ и добри перформанси во работењето можат да најдат работа која е поплатена од она што годинава го нудат угостителите во регионот. Тоа е причина што се намалува бројот на млади до 25 години кои сакаат да работат како сезонци во оваа дејност – вели Џинлев.

Една од причините за послабиот интерес на младите за сезонска работа, годинава е и тоа што дел од хотелиерите од Хрватска понудија пониски плати и покрај тоа што нудат сместување и храна.

– Годинава дел од хотелиерите поради кризата понудија плати од кои нема да се заработи како порано. Дел од понудите кои одеа преку нас веќе ги одбивме бидејќи сметаме дека плата под 1.000 евра е неисплатлива за сезонците од земјава. Тие главно одат да заработат за остатокот од годината. Дел се семејни луѓе. Сепак, тоа не значи дека нема интерес за сезонски вработувања во оваа земја. Веќе испративме работници во хотел во Дубровник каде што понудија одлични услови. Но, факт е дека младите веќе не се гледаат во овој сектор и кај нас за да можат да се регрутираат работници и во странство, па главно нашите клиенти се работници кои биле во Хрватска и неколку години наназад, а сакаат да заминат и годинава – додава Џинлев.

- Advertisement -
Ad image

Тој очекува агенцијата да го оствари планираниот број на вработувања во Хрватска, но главно со работници кои веќе биле на работа во некои од хрватските хотели.

Кризата со млади угостителски работници во земјава, вели тој, се одразува и во сезонското вработување на вакви работници во Дубаи и во Катар каде што главно се бара млада работна рака која се обучува за да остане подолг период таму.

– Ние од земјава немаме таква понуда, па главно работниците ги обезбедуваме преку нашите подружници во Албанија и во Србија. Познато е дека угостителството поради туризмот во Албанија бележи пораст и тамошните работници повеќе се интересираат за есенско-зимските сезонски вработувања во Дубаи и во Катар. Така, тамошните угостителски работници го пополнуваат празниот простор од годината да заработат плус пари во Дубаи и во Катар. Тие летото работат во албанските хотели, а од есен до наредната сезона, 6 месеци се во Дубаи и во Катар – вели Џинлев.

- Advertisement -
Ad image

Од она што може да се види од огласените работни места во странство, во нашите агенции за вработување се бараат работници од земјава за најразлични позиции, почнувајќи од угостители за работа во хотели и на бродови, возачи на товарни и такси возачи, заварувачи, но и медицински сестри, стоматолози и ИТ работници. Огласи има од регионот, но и од прекуокеанските земји Канада и САД.

Колкав е бројот на пријавени на ваквите огласи е непознато бидејќи на овие огласи се аплицира директно кај работодавачот во странство.

– На платформата објавуваме огласи на работодавачи од странство, но според обликот и податоците кои ги имаме на нашата страница за што наплаќаме. На огласот се аплицира директно кај работодавачот, но за да ве контактира тој мора да имате поставено биографија и податоци на нашата страна. Сепак, ние немаме информација колкав број  наши граѓани аплицирале на овие огласи – велат од агенцијата „Вработување“ којашто објавува и вакви огласи.

Агенциите велат дека голем дел од луѓето кои заминуваат во странство тоа го прават нелегално, преку луѓе кои заработуваат на нивна сметка. Сето тоа прави да нема точна бројка на луѓе кои ја напуштаат земјава поради работа.

Share This Article