Младината на Левица упати порака до УКИМ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До Црвена младина пристигна информација дека ректорската управа на УКИМ сериозно дискутира и најавува дупло покачување на партиципацијата за додипломски, постдипломски и докторски студии за сите новозапишани студенти, информира Левица.

„Како што не известуваат студентите, веќе на одредени факултети им најавиле дека цената за партиципација за државна квота на додипломски студии би изнесувала 200 до 400 евра, наместо досегашните 100, а за приватна квота од 400 до 800 евра. Заложбите на Левица и Црвена Младина во однос на ова прашање се јасни и концизни: бесплатно образование за сите, без скриени трошоци! На ректорската управа на УКИМ им најавуваме – сон нема да имате, ако ова го изгласате!! Студенти, младино, спремете се за борба – ова нема да помине“, се наведува во соопштението.

Share This Article