Младата српска пејачка Милица Павловиќ во текот на викендот одржа концерт во преполната Штарк Арена во Белград.
Милица со месеци се подготвуваше за големиот концерт и на истиот покажа дека вложила многу труд во настапот, стајлингот, кореографијата…
Освен за нејзиниот концерт, уште повеќе се зборува и пишува за главната гостинка на вечерта. Во прашање е пејачката Јелена Карлеуша, која, кога зачекори на сцената, ја „полуде“ публиката.
Во неверојатно секси издание Јелена Карлеуша и се придружи на Милица и заедно го испеаја дуетот „Машала“.
Публиката била одушевена од појавата, настапот, но и од стајлингот на пејачките кои биле речиси голи на сцената.