Меѓу загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога се урна дел од настрешницата, се и 21-годишниот Милош Милосављевиќ и неговата 20-годишна девојка Анѓела Руман.Милосављевиќ играше фудбал, а неговиот клуб Потисје со емотивна порака се прости од него и неговата девојка. Оваа порака ја објави клубот од Кничанин во Србија.
„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (21) и неговата девојка Анѓела Руман (20) ги загубија животите во страшна несреќа во Нови Сад. Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот во догледно време. Почивајте во мир, ангели, никогаш нема да бидете заборавени“, соопштија од клубот со заедничката фотографија на Милош и Анѓела.
Освен Милош и Анѓела, кога се урна дел од фасадата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа уште 12 лица, а има многу повредени.
Поради оваа трагедија во Србија веднаш беше прогласен ден на жалост.