More

    Мицотакис кажа што ќе се случува, ако не се почитува договорот од Преспа

    spot_img

    Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, бидејќи во спротивно, сигурно ќе создадат проблеми и во односите со Грција и во односите со Европа, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

    Притоа, тој повтори дека без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ перспективата на земјава.

    Коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Мицотакис посочи дека станува збор за „изјави на мандатарот за премиер“ и дека ќе ги чекаат официјалните ставови на новата Влада, но потенцираше дека „првите примери на однесувањето се исклучително негативни“.

    – Во јадрото на Договорот на Преспа се наоѓа смислата на едно име, она што го нарекуваме ерга омнес, името Северна Македонија да важи за сите, односно да се користи и во надворешноста и во внатрешноста на земјата – рече Мицотакис.

    Тој потсети дека неговата партија не гласаше за Договорот од Преспа, бидејќи имаа приговори „за фактот што овој Договор обезбедува македонска нација и македонски јазик“, што воедно, според Мицотакис било и главната причина зошто не го поддржаа Договорот.

    -Во прашањето за името има едно јасно уназадување и сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, уште од сега, да ја смени нејзината линија, да ја почитува централната одредба на Договорот од Преспа, да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата кога станува збор за нашиот северен сосед, а во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми, не само во односите со Грција на Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија – рече Мицотакис.

    -Па така верувам дека ќе има колективен притисок врз раководството на Северна Македонија за да не постои значајно уназадување – рече грчкиот премиер.

    Во утринското интервју за ЕРТ, Мицотакис ги повтори и следните чекори на Владата, односно реакцијата на официјална Атина, она што и вчера го порача од митингот во градот Верија, дека нема да се ратификуваат меморандумите и дека ќе има проблеми на патот на земјата кон ЕУ.

    – Она што сигурно ќе го сториме е дека нема да ги донесеме за ратификација трите меморандуми што произлегуваат од Договорот и сега целосно се оправдува нашата позиција да го задоцниме ратификување. Ние веќе извесно време гледавме што се случуваше во Северна Македонија, го слушавме овој националистички пароксизам на ВМРО, знаевме дека ВМРО ќе победи на изборите и сакавме и ние да задржиме некои суштински преговарачки оружја во случај работите да не одат како што се очекува – рече Мицотакис, пренесе МИА.

    Мицотакис ја коментираше и одлуката на СИРИЗА да ги донесе во Парламентот трите меморандуми, велејќи дека е „несфатливо на границите на политичкиот и дипломатскиот апсурдност“, сега да се достават, во моменти кога „Скопје следи целосно различна линија“.

    -Второто што ќе го направиме, веќе го сторивме, апсолутно јасно да ставиме на знаење дека никаков напредок во овој, би рекол, долг пат на Скопје кон Европа, не може да се постигне. ако не постои апсолутно усогласување со Договорот од Преспа во прашањето со името – истакна грчкиот премиер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img