Она што му се случува на Миле Јанакиески е сè, само не е правда, односно целосна неправда. Кога ѝ треба на криминалната влада на ДУИ и СДСМ некаков дефокус, кога треба да се заврти вниманието на јавноста, наместо да ги коментира нивните криминал и корупција, тие тога посегнуваат по Миле и повторно се случува нешто поврзано со Миле како што е ова што сега тие го направија – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Карбинци.
– Апсолутно, целосно поддршка моја лична до семејството. Јас знам дека Миле е храбар човек, и ќе издржи, и покрај оваа тортура на семејството што му се случува, од овие луѓе кои што ова му го прават на Миле, на семејството на Миле, но и на сите оние семејства кои што денеска се жртви на оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ, тука се и луѓето кои што се дел од „27 април“, и многумина други сега да не ги споменувам. Ќе треба да одговараат сите оние кои што ја донесоа оваа неправда кон овие луѓе уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Мицкоски.