Мицкоски во Штип побара поддршка за изборите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Нема да е доволен оној историски триумф на локалните избори, потребен ни е уште еден двоен триумф на парламентарните и претседателските избори, на парламентарните со 61 пратеник, блиску сме, ни треба вашата помош и поддршка“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Штип која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

„Важно е да направиме разлика од тие кои изминативе шест години зависеше се од нив, а што направија освен тоа што од голтари поединци станаа милионери. Се што ветија направија спротивно и тие кои имаат план, визија и градат“, рече тој.

„Важно е да се направи разлика помеѓу оние кои ги крадат, ги понижуваат земјоделците, кои не обезбедија откуп и субвенции, и ВМРО-ДПМНЕ која почна да дава огромни средства како субвенции токму за земјоделците. Важно е да се направи разлика меѓу оние кои градеа како автопатот Скопје-Миладиновци овде до Штип и оние кои не можат два километри автопат да направат од границата со Косово до Скопје или познатиот пат Блаце-Скопје. Важно е да се направи разлика помеѓу оние кои во минатото обезбедуваа странски директни инвестиции, поддршка за домашните инвеститори и направија Македонија да има највисок економски раст и овие кои не заковаа на дното зошто целта им е да пљачкаат“, рече Мицкоски.

Share This Article