More

    Мицкоски вети дека веќе нема да биде како до сега

    spot_img

    Изборот на овие избори е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда или Македонија каква што ја сакаат ДУИ и измеќарите од СДСМ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.

    – На овие избори изборот е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда, да биде Македонија достојна, да биде Македонија твоја, ваша или пак да биде Македонија засрамена, понижена, ограбена. Тоа е изборот. Ве молам немојте да наседнувате на реториката на власта која што сака да ви ја наметне дека тие биле за ЕУ, Европски фронт, а ние сме биле против ЕУ. Тоа не постои. Изборот е или Македонија ваква каква што си ја сакаат огромно мнозинство граѓани или Македонија онаква каква што ја сакаат овие неколкумина од ДУИ и измеќарите од СДСМ – рече Мицкоски.

    – Ќе го слушнете вчера Артан Груби на телевизија на едно интервју, ај што го пушти низ вода Бујар Османи така лесно дека нема да влезе во втор круг, па вели дека секој кој што сака да ја добие поддршката од ДУИ за втор круг мора да се согласи да се бира претседател во Парламентот. Значи не да го бирате вие, суверенот на народот, граѓаните, од вас потекнува легитимитетот, тие сакаат неколкумина. Така се тие навикнати во Речица во седиштето, неколкумина да седнат и да речат ти ќе ја купиш „Соравија“, ти ќе возиш „бентли“, ти „ролс ројс“, ти ќе имаш фирма за ова, ти ќе увезуваш јаглен, ќе направиш фирма и ќе увезуваш јаглен. Тие така се навикнати. Тие не знаат да го прашаат народот – истакна тој.

    Мицкоски потенцираше дека овие луѓе со ваков начин на размислување, продавајќи, како што рече, романтични националистички приказни повеќе од 20 години се богатат на грбот на народот.

    – Ова го кажувам само да посветам внимание на овие измамници кои повеќе од 20 години со романтични националистички приказни и реторики се збогатија и станаа милионери врз грбот на народот и тука нема етничка припадност. На грбот на сиот народ во Македонија, по принципот „како до сега“. Тоа е принцип по кој повеќе од две децении владее ДУИ во владите со различни политички партии коишто се дел од таа влада – истакна Мицкоски.

    Тој нагласи дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да биде како до сега, а тие што згрешиле пред народот и пред законите ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за сите злодела коишто му ги нанеле на народот на Македонија.

    Мицкоски истакна дека денес е точно 11 ден од кампањата, а ниту Ковачевски ниту Пендаровски не кажале ниту еден збор ниту една критика за ДУИ.

    – И не е изборот како што Ковачевски и Пендаровски велат помеѓу ЕУ и назадување, туку меѓу бандата составена од Артан, Али, Ковачевски и Зечевиќ од една страна и Македонија од друга. Понудата на Пендаровски се навреди вo некаков балкански мачо стил преполн со примитивизми. Па во обид Пендаровски да се испере демек не напаѓал жени, кажува вели од 10 луѓе во кабинетот во неговиот кабинет вели дека дури 52% биле жени. Јас разбирам дека како политичар не го бива ама и што статистиката и математиката му се слаба страна вака на отворена сцена тоа што го направи не можев да поверувам дека до толку не знае. Совршено е јасно на овие избори дека гласот за Стево Пендаровски е глас за ДУИ, Али и Артан. Гласот за Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево е глас за претседател кој ја води најкорумпираната држава во Европа со најсиромашното население во Европа. Гласот за Стево Пендаровски е глас за претседател кој нема став и нема свое јас – рече Мицкоски.

    Тој истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека е неприфатливо да се избира претседател на државата во Собранието, услов што го понуди ДУИ за да ги даде гласовите во вториот круг.

    – Излегоа утрово од неговиот кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, продолжуваш да бидеш аналитичар, а сакаш да имаш уште 5 години како претседател. Излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Македонија да се избира во Собранието, а не на непосредни избори, како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кројат судбината и иднината на Македонија – истакна Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img