More

    Светот во исчекување дали ќе ескалира конфликот на Блискиот Исток

    spot_img

    По повеќе часови заврши состанокот на израелскиот воен кабинет, со кој претседава премиерот Бенјамин Нетанјаху, на кој требаше да одлучи за понатамошните чекори по синоќешниот ирански напад.

    Неименуван претставник од кабинетот на Нетанјаху изјави дека на средбата не е донесена никаква одлука, но оти израелските безбедносни сили (ИДФ) ќе ги претстават опциите што значи дека Израел ќе одговори на нападот на Иран.

    Додека друг неименуван владин претстaвник изјави оти никој не сака да види понатамошна ескалација во ова чувствително време.

    И офанзивни и дефанзивни планови

    Имаме дефанзивни и офанзивни планови, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа, изјави на портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари по состанокот на израелскиот воен кабинет на кој се одлучуваше за одговорот на иранскиот напад.

    Тој истакна дека одобрени се оперативни планови и за офанзивна и за одбранбена акција.

    – Изминатите два часа одобривме оперативни планови и за офанзива и за дефанзива. Ќе продолжиме да ја штитиме државата Израел и заедно со нашите партнери ќе продолжиме да градиме побезбедна и постабилна иднина за целиот Блиски Исток, посочи контрадмирал Хагари.

    САД се против контранапад

    Неколку американски медиуми, помеѓу кои и „Си-ен-ен“ (CNN), „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) и Аксиос (Axios) објавија дека САД ќе се спротивстават на израелски контранапад.

    „Аксиос“ тврди дека американскиот претседател Џо Бајден во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека САД се против израелски контранапад врз Иран.

    Додека „Си-ен-ен“ и „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на високи американски претставници објавија дека Бајден му кажал на Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во никаков израелски противнапад врз Иран.

    Претходно, „Њујорк тајмс“ објави дека Бајден го одвратил Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран, откако Техеран синоќа лансираше околу 300 нападни беспилотни летала и проектили врз Израел.

    Според весникот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за итен одговор, но поради што иранскиот напад не предизвикал сериозни штети, Нетанјаху бил разубеден од Бајден.

    Во меѓувреме, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД ќе продолжат да му помагаат на Израел да се одбрани, но оти не сакаат војна со Иран“.

    – Не бараме ескалација на тензиите во регионот. Не бараме поширок конфликт – посочи Кирби за „Еј-би-си њуз“ (ABC News).

    „Ова е објава на војна“

    Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за „Скај њуз“ изјави дека Израел по синоќешниот напад на Иран „ги разгледува сите опции“.

    – Ова е објава на војна. Сега, бидејќи сме воздржани и затоа што ги знаеме последиците, и затоа што размислуваме со нашите партнери, ги разгледуваме сите опции и јас сум сосема убеден дека ќе ги преземеме неопходните чекори за да го заштитиме и одбраниме нашиот народ. Ние не бараме војна – посочи Херцог.

    Тој додаде дека синоќешниот напад е „само уште еден пример“ за тоа како функционира Иран, „ширејќи хаос, терор и нестабилност низ целиот свет“.

    – Време е светот да се соочи со оваа империја на злото во Техеран и да му стави до знаење на иранскиот режим дека тоа не може да помине, дека тоа е неприфатливо – истакна Херцог.

    Јордан моли за мир

    Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало иранскиот амбасадор за да го предупреди Техеран дека мора да престане да ја доведува во прашање позицијата на Јордан, откако синоќа му помогна на Израел да ги собори стотиците дронови и ракети.

    „Ние ќе се соочиме со сè што претставува закана за Јордан и за безбедноста на Јорданците со сите наши способности и способности“, објави јорданското МНР на Икс.

    Јорданскиот крал Абдула во телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден истакна дека секоја понатамошна ескалација од Израел, како одговор на нападите на Иран, ќе го прошири конфликтот во регионот.

    Лидерите на Г7 повикаа на воздржаност

    Лидерите на земјите-членки на Г7 на денешниот вонреден состанок го осудија нападот на Иран врз Израел и повикаа на „воздржаност“ од сите страни.

    „Едногласно го осудивме нападот без преседан на Иран против Израел. Ќе продолжиме со сите наши напори да работиме на деескалација. Завршувањето на кризата во Газа што е можно поскоро, особено преку итен прекин на огнот, ќе направи разлика“, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс.

    Препораки за ограничени движења за Израелците

    Командата на домашниот фронт на израелските безбедносни сили (ИДФ) соопшти дека ограничувањата за граѓаните издадени пред синоќешниот ирански напад со ракети и беспилотни летала ќе останат во сила до утре во 23 часот.

    „По процена на ситуацијата, одбранбените насоки на Командата на домашниот фронт остануваат непроменети и важат“, се наведува во соопштението.

    Насоките забрануваат образовни активности на национално ниво и ги ограничуваат собирите на 1.000 луѓе. Во некои области во близина на границите на Појасот Газа и Либан, веќе постојат построги ограничувања за собирање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img