More

    Мицкоски вели дека поддршката ќе се покаже кога ќе биде потребно во Собранието

    spot_img

    Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже во пракса, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, запрашан за тоа кои се пратениците што го поддржуваат мнозинството во Парламентот.

    – Дозволете ми малку да ве корегирам, јас таму не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков дека можеби имаме и повеќе од 80 пратеника. Можеби имаме. Само кога ќе имаме потреба од 80 пратеника можеби и имаме 80 и повеќе од 80 пратеника – изјави Мицкоски.

    Запрашан на што ја темели таа информација, Мицкоски рече дека ја темели врз основа на информациите со кои располага, неоткривајќи други детали.

    – Доволно е сега во овој момент. Да оставиме кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса – рече премиерот Мицкоски.

    Премиерот вчера во интервју за Косовската телевизија кажа дека владејачкото мнозинство можеби има и повеќе од 80 пратеници во Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img