Мицкоски вели дека некој свесно влегол во невозможна мисија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уставниот суд по ова прашање веќе се изјаснил многу пати во минатото. Некој свесно знаел дека ова што го бараат е новозможно, а сепак одлучил тоа да го направи, односно да потпише договор со кој свесно презема обврска од буџетот на државата да исплати стотици милиони евра во форма на пенали, кон компанијата која што е изведувач на овој проект, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со договорот на државата со компанијата „Бехтел и Енка“, при посетата на Зрновци.

Мицкоски посочи дека е неуставен делот во кој се бара зголемување на работната недела.

-Можеби мислеле, имајќи го предвид партизираното Обвинителство, каде што еден коалициски партнер си поставува обвинител во делот за организиран криминал и корупција, дека претседателката на Уставен суд, Кацарска, ќе ја смени одлуката од минатото и на тој начин, под притисок на овие политичари тие ќе донесат одлука спротивна на одлуките кои во минатото ги носеле, а тоа е дека е неуставен делот каде што се бара зголемување на работната недела – изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека одговорност за ова ќе бараат по промената на власта.

-Одредени медиуми го приложија договорот што го потпишале Ковачевски и Артан Груби со фирмата изведувач и тука морам да напоменам дека не е виновна компанијата. Таа си го штити својот интерес, што е нормално, секоја компанија си го штити својот интерес. Прашањето е колкава е вината на тие што, наместо да го штитат државниот интерес и интересот на граѓаните на Македонија, го штитат интересот на приватната компанија. Според договорот, доколку во рок од 45 дена од потпишувањето не се смени Законот за работни односи и не се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, тогаш Македонија треба да плати еднократен финансиски надомест од минимум 53 милиони евра. Но, и околу дополнителни два милиони евра секој месец, сѐ до моментот додека не се промени овој закон. Ова е шокантно – изјави Мицкоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето на Сител синоќа зборувајќи за договорот што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со „Бехтел и Енка“ рече дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион и 265 000 евра на веќе постојни трошоци, кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 000 евра.

Share This Article