Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените” оствари средба со туристички работници кај автопатот Кичево Охрид каде беше потенцирано дека е приклучен, од секој од нас ќе зависат промените, и тоа што го гледаме на јавните мерења акламативна е поддршката за промени во Македонија на политичката сцена.
Мицкоски истакна дека автопатот Кичево – Охрид не е приоритет на оваа влада, туку се трошат 200 милиони евра на проекти кои не ги гледаме и додаде дека овој проект ќе биде еден од приоритетите на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова ќе биде приоритет уште од првиот ден на новата влада, да оваа делница биде направена и пуштена во употреба. Планираме да прв приоритет ни бидат проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти – рече Мицкоски.
Туристичките работници истакнале дека во моментов коментарите се за лошата патна инфраструктура, има групи кои слетуваат на скопскиот аеродром и не им е јасно како до Охрид се патува 4 часа.
– Автопатот под итно мора да се заврши, сите кажуваме едно исто, никој не е задоволен, ни домашните, ни странските гости. Треба да се направи план кој ќе го следат идните генерации и за следните 50 години да знаеме како ќе изгледа ова место – велат тие.