More

    Мицкоски упати апел масовно да се излезе во среда

    spot_img

    Денеска затвораме една историска епизода затоа што тоа што го видов низ Македонија, тоа што го почувствував, таа енергија, таа емоција која доаѓа од народот на Македонија е навистина голема. Народот се обединува околу желбата за промени и сега од нас зависи колкав ќе биде интензитетот на тие промени и колкав ќе биде бројот на пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, но и за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Лозово.

    Претседателот Мицкоски истакна дека Али Ахмети со неговите пајташи ќе се обидат да тргуваат со гласот на народот.

    – Али Ахмети со свои неколкумина пајташи со вашите крадени пари ќе се обиде да тргува со гласот на народот и треба тоа да го спречиме. ДУИ и Али Ахмети не смеат да имаат пратеник во ИЕ 3 и тоа треба да биде јасно и гласно кажано во оние средини каде ДУИ и Али Ахмети се движат и каде се обидуваат да тргнуваат со гласот на луѓето кои живеат во тие средини. Треба многу јасно и гласно да им се каже на тие наши сограѓани дека денот завршува со ноќта, но утре има друг ден, повторно да огрее сонцето. После 24 април следи 25 април и повторно треба да огрее сонцето, после 8 мај следи 9 мај и повторно ќе треба да огрее сонцето. Многу е важно затоа што многу тешко ВМРО-ДПМНЕ влегува во Липково, Чегране, Зајас, а тие некако многу лесно се обидуваат тука во ИЕ 3 да тргуваат со гласот на народот – истакна Мицкоски.

    Претседателот Мицкоски упати апел масовно да се излезе во среда и на тој начин да се оневозможи потенцијалот на ДУИ да расте.

    – Задутре во среда треба да ни биде прва цел, да се излезе масовно и на тој начин да се оневозможи потенцијалот на ДУИ да расте и во ИЕ 3 Али Ахмети да има пратеник. Али Ахмети после овие избори треба да оди во опозиција и заедно со тие малкумина кои сеуште му се верни од раководството на ДУИ да одговараат за се што и направија на Македонија – дециден е Мицкоски.

    Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки од Лозово порача дека за развој на општините во нивната програма е предвидено 250 милиони евра секоја година од централниот буџет до општините. За општина Лозово имаме 1 милион и 200 илјади евра кои значат нови инфраструктурни проекти само во Лозово.

    – Сите овие проекти што се ставени во програмата верувајте дека тие ќе бидат реализирани. Зошто? Затоа што кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира. Тоа не е желботека, туку ставено е во програма затоа што тоа го дознавме од вас граѓаните кога имавме акции на терен, затоа што ВМРО секогаш е на терен – потенцираше Ковачки.

    Тој исто така додаде дека луѓето од актуелната власт не ги интересираат граѓаните, туку ден повеќе на власт, па затоа потребна е сила поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова и 8 мај за пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со цел работите да почнат да се менуваат на подобро.

    – Ќе ве потсетам. Кога последно биле овде овие од власта на СДС и на ДУИ? Кога последен пат бил Пендаровски? Кога последен пат бил Ковачевски. Дали воопшто биле тука во Лозово? Дали ве прашале како ви е како живеете? Со што се соочувате и какви проблеми имате? Очигледно не, затоа што нив не ги интересираат граѓаните, туку нив ги интересира ко да останат еден ден плус на власт и тоа мора да го промениме – потенцираше Ковачки и додаде:

    „Вие сте тие кои давате и вие сте тие кои земате мандат. Ние очекуваме тој мандат на 24 април, односно задутре таа поддршка да ни ја дадете. Да и ја дадете на Гордана Силјановска Давкова на 24 април, а после и на 8 мај да ја дадете и на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Ни треба масовна поддршка и масовна излезност за да можеме да ја реализираме програмата и за да можеме сѐ што сме ставиле во програмата да реализираме“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img