Мицкоски тврди дека 2,3 милијарди евра не нè расправаат за коридорите 8 и 10Д

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку две, до три милијарди евра ќе чинат автопатите на коридорите 8 и 10Д што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, тврди Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој момент, кога работите на коридорите сѐ уште не се започнати и најверојатно нема да почне да се гради до септември оваа година, веќе се направени почетни трошоци од околу 300 милиони евра. Мицкоски тврди дека во оваа сума, покрај трошоците за подготвителните работи се и пеналите по 3 основи, поради фактот што Владата не успеа да го смени Законот за работни односи и да воведе 60-часовна работна недела за ангажираните работници на „Бехтел и Енка“.

Како што веќе беше соопштено во некои медиуми, првите 53 милиони евра пенали треба да се платат до 6 мај. Така вели договорот, иако владата инсистира на тврдењето дека до овој момент кон „Бехтел и Енка“ не е извршено никакво плаќање. Мицкоски тврди дека во договорот меѓу државата и „Бехтел и Енка“, кои ВМРО-ДПМНЕ го добил од свиркачи, во делот 16 има ставки за кои воопшто не е дефинирана цената односно пишува „to be defined“. Станува збор за трошоци за релокација на постоечки објекти на трасите, за системот за телекомуникации, за звучни бариери, за системот на контрола на сообраќајот, за изградба на патарини, за електрификација и осветлување на патот и на тунелите, за вентилација на тунелите и за противпожарна заштита и слични ставки. Во сумата од 1,3 милијарди евра, која што е „пријавена“ во договорот не се пресметани и трошоците за експропријација, кои ќе изнесуваат околу 300 милиони евра.

Мицкоски прави и споредба меѓу декларираните цени за некои работи во договорот и цените кои скоро ги наплаќала домашната компанија „Гранит“. Така, на пример, за површински ископ на еден метар кубен земја со транспорт до 3 километри, „Бехтел и Енка“ ќе наплатат 5,36 евра. Компанијата „Гранит“ за истата работа неодамна наплатила 2,33 евра за метар кубен со вклучен транспорт до 15 километри. Ископот на подповршинска земја „Бехтел и Енка“ ќе го наплатат по 8,95 евра за кубен метар додека „Гранит“ за истата работа наплатил само 4 евра за кубен метар.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска направи и споредба меѓу цената што компанијата „Актор“ ја наплатила за 1 километар автопат за делницата Демир Капија-Смоквица и цената што „Бехтел и Енка“ ќе ја наплати за 1 километар автопат на коридороте. Така, „Актор“ наплатил меѓу 5,5 и 6 милиони евра додека „Бехтел и Енка“ ќе наплати 20 милиони евра за 1 километар автопат. Многу критикуваната понуда на компанијата „Синохидро“ беше 8 до 9 милиони евра за 1 км автопат.

Мицкоски откри дека ваков договор на македонските влади од страна на „Бехтел и Енка“ им е нуден уште од 1999 година, но ниту една влада, сѐ до оваа на Ковачевски и Груби не прифатила договор под вакви невозможни услови.

Share This Article