Мицкоски: „Секогаш кога имаме влада од СДСМ, има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Секогаш кога имаме влада од СДСМ, има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Гостивар.

Мицкоски  рече да треба да не загрижува принципот во трите збора „како до сега”.

– И тука има голема вистина, сите потценуваат, јас само сакам да предупредам што се случува изминативе дваесет години. Овој принцип значи наместени тендери во четири очи, повеќе имот за семејството на Груби низ Македонија, уште некоја утакмица во раскошните кабинети кои вие ги плаќате, уште некоја нова Соравија, уште некоја нова хациенда – кажа Мицкоски.

Тој изјави дека граѓаните ќе имаат можност на 24 април да го заокружат бројот 2 и оти ништо нема да има од ова до сега.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на Стево Пендаровски и на неговата реторика на средбите со граѓаните и митинзите.

– Пред три дена, Пендаровски ја кажа целата вистина содржана во неговото битие, излезе пред граѓаните и рече – се сеќавате, во 2019 година дека ви реков ќе победиме, и им вели, ако не водиме во првиот круг, очи не сакам да ви видам. Е тоа е Стево кој  немаше да знае каде е Македонија, тоа е тој кој повеќе од 30 години функционира на македонската политичка сцена и е измеќар и слеп послушник – рече Мицкоски пред гостиварчани.

Мицкоски му порача на Пендаровски дека народот со заокружување на број 2 на 24 април ќе му помогне да почне со пакување, а на 8 мај веќе да ја напушти Македонија.

Мицкоски укажа дека понуда од другата страна е Гордана Силјановска Давкова.

– Од друга страна е Гордана Силјановска Давкова, која е класичен прототип на горда Македонија, борец во македонскиот парламент, која заедно со колегите останаа доследни во борбата за Македонија и не го прифатија бугарскиот диктат – потенцираше Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article