More

    Мицкоски само на продолжен викенд во Црна Гора

    spot_img

    Владата вчера ја оддржа својата редовна работна седница со која раководеше премиерот Христијан Мицкоски. Иако е период на одмори премиерот Мицкоски и повеќето од министрите беа присутни и се носеа одлуки.

    На прашањето: „Каде ова лето на одмор?“, дознаваме дека Владата нема да оди на колективен одмор, туку министрите ќе користат парцијално годишен одмор.

    Премиерот Мицкоски ова лето поголемиот дел останува работно ангажиран, и само кус период од 8 до 11 август ќе се приклучи на одморот на неговото семејство, сопругата Рози и двете деца, кои стандардно и веќе традиционално се во Црна Гора.

    Поради обврските со Владата и работна координација премиерот ќе искористи само дел од одморот, но тој вели дека и тие неколку дена поминати со семејството се доволни и драгоцени за него.

    Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски веќе го искористил својот одмор, додека Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска ова лето одморот ќе го искористи во втората половина од август.

    Министрите кои доаѓаа од коалицијата Вреди најголемиот дел ќе одат на одмор во Албанија или турското крајбрежје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img