Мицкоски пред Сојузот на стопански комори ќе го образложи својот план за справување со енергетската криза во земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред Сојузот на стопански комори ќе го образложи својот план за справување со енергетската криза во земјава.

Од партијата најавуваат дека лидерот ќе претстави прецизен план за ублажување на последиците од енергетската криза пред бизнисмените и стопанските комори.

– Ваквиот чекор доаѓа откако по повеќемесечно апелирање Владата да излезе со прецизен план кој ќе значи обезбедување доволни количини евтин гас, мазут, како и топлинска енергија потребна за Те-То, таа не покажа никаков план и се задолжува дополнително. Земјите од регионот веќе ги обезбедуваат потребните количини енергенси. Планот на Мицкоски обезбедува доволни количини енергенси за државата преку заштеда на граѓаните која може да биде до 300 милиони евра, што ќе значи и зачувување на работни места и спречување на дополнителна инфлација – брифираат партиски извори.

Оттаму додаваат дека ова е првпат лидер на опозиција да нуди обемен план за излез од кризата.

Share This Article