More

    Мицкоски обвини за пљачка на граѓаните и на ЕСМ

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалните мрежи прикажа, како што рече, како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ!

    „ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 MWh.

    Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/MWh!

    За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 372,21 €/MWh или по денови:

    1 август 359,81 €/MWh
    2 август 388,95 €/MWh
    3 август 363,474 €/MWh
    4 август 377,758 €/MWh
    5 август 371,058 €/MWh

    Разликата во цена е:
    1250 MWh x (372,21-245,37)€ = 158.550€

    Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“, напиша претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img