Министерот за правда Кренар Лога е во комуникација со нарко-кланови на кои им ветувал дека со Законот за амнестија ќе им ги скрати затворските казни, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Фокус.
– До нас стигнуваат такви информации, а тоа треба и вие како новинари да го проверите. Кренар Лога е во континуирана комуникација со нарко-кланови во затвор, па им ветува дека со Законот ќе им се скрати затворската казна, па мисли дека го информирал и ВМРО-ДПМНЕ за тоа. Човекот се изгубил во просторот, но тоа е негов проблем. Ние како партија немаме официјална комуникација одамна со ниедна владина институција, вклучително и Министерството за правда. И тоа е резултат на заклучок донесен на седница одржана на ИК на партијата – рече Мицкоски.
Тој уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за амнестија.
– Законот нема да го поддржиме од причини што се однесува на лица осудени за кривични дела како насилство, перење пари, дилање дрога и тн. Тоа се големи кривични престапи, а уште повеќе што осудени лица како оние двајц помагачи за громорозниот злостор кај Смилковско Езеро имаат можност да бидат амнестирани – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.