Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук објави фотографија со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“ – напиша Мицкоски под објавената фотографија на која двајцата се насмеани.
Јанкулоска, која издржува затворска казна во Идризово, има добиено одмор од отслужување на казната. Фотографијата е направена во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.