More

    Мицкоски: Нема мнозинство за уставни измени

    spot_img

    Она што можам да го заклучам е дека мнозинството нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок логичен след на настаните е Парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентрани избори, нагласи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска по лидерската средба во Собранието.

    Тој ја критикуваше власта за она што се разговарало на лидерската средба. Истакна дека наместо за реалните проблеми со кои во моментов се соочуваат граѓаните, тие разговарале за отворање на Уставот и бараните уставни измени.

    – Единствената тема којашто беше во нивен фокус е тоа што нив ги интересира за дефукус од ова се каде што се тие неуспешни, а тоа се т.н уставни измени под превезот на некаква си европска иднина – потенцираше Мицкоски.

    Тој рече дека го поддржал и пратеникот Павле Трајанов да издејствуваат признавање на македонското малцинство, но немало поддршка од другите.

    – Ние сакаме Бугарија да ги почитува европските вредности. Македонците за ЕУ се откажаа многу во последните 30 години, а фрустрациите се големи. Јас имам два сина и не знам дали некој од нив ќе замине надвор од Македонија. Но сакам двајцата да останат и оттука да ја победуваат Европа и светот – рече Мицкоски.

    Тој додаде дека преговарчката рамка ваква каква што е не е вистинскиот пат кон Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img