More

    Мицкоски нема да го чека законскиот рок од 20 дена

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но и иден мандатар, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека новиот состав на владата ќе биде изгласан пред законскиот рок од 20 дена.

    – Преговорите привршуваат, дел се веќе завршени во одредена мера во владините ресори. При крај сме и со договорите во третиот ешалон. Денеска треба истите уште еднаш да бидат потврдени. Очекува утре претседателката Сиљановска Давкова да го врачи мандатот на јасно декларираното мнозинство, што беше потвредно со изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието – рече идниот мандатар.

    Тој додаде дека очекува час поскоро да го поднесе составот на идната влада.

    – Малку се размилуваме поради верските празници Духовден и Рамаза, ќе треба малку да се води сметка и за тоа. Исто така е и роденденот на партијата на 17 јуни. Имаме неколку работи кои треба да ги нивелираме, но секако ќе бидеме пред законскиот рок од 20 дена – рече Мицкоски.

    Мицкоски одби да одговори кои членови од локалната власт или другите ќе се најдат во извршната власт. Тој посочи дека многу скоро ќе бидат познати имињата на членовите на влада, министри, секретари и другите во третиот ешалон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img