Премиерот Христијан Мицкоски очекува случајот со фалсификувањето на записниците на Судскиот совет да биде расчистен уште денеска.
– Таму (Судски совет) знаете дека постои основано сомневање за големи злоупотреби што се правени во изминатиот период. Конкретната акција од вчера е како што кажавме со цел да се потврди основаното сомневање за фалсификат на записници од работата на Судскиот совет преку кои, практично се манипулирала волјата и мислењето на членовите на Судскиот совет од страна на поединци. Очекувам дека и тоа многу скоро денеска ќе биде расчистено – рече Мицкоски по поставувањето камен темелник на нова инвестиција во Кичево.
Тој повтори дека треба да се врати довербата на граѓаните кај судството, а правдата да биде еднаква за сите во Македонија.
– Тоа важи за сите кои правеле криминал порано, но и за сегашните кои мислат дека можат да ја изиграат правдата – рече Мицкоски.