Мицкоски најавува повисоки примања во 2025 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ќе растат платите на сите вработени во 2025 година, а нема да растат платите на функционерите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања за измените на Законот за платите на избраните и именуваните лица, што се во тек во Собранието.

– Тоа го правиме, со измени на законското решение ќе нема покачување на функционерските плати. Оваа измена на законот наскоро ќе биде пред пратениците. Ќе работиме сите вработени да имаат повисоки плати. Така ќе работиме, во интерес на граѓаните – рече премиерот Мицкоски.

Во Собранието во тек е процедурата за измени на Законот за плата и други надоместоци на избрани и на именувани лица, со кои ќе се намалат коефициентите со кои се множи основицата за пресмета на платите. Со ова намалување на коефициентите, платата на функционерите нема да се зголеми од јануари 2025 година,  кога се усогласува со просечната плата од претходната година.

Share This Article