Премиерот Христијан Мицкоски утре во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит, посветен на Европската Унија, каде што ќе има обраќање. Во вторник Мицкоски ќе има средба со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, и со министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.
„Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург, посветен на Европската Унија и на реформите на овој пат. Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања. Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, и со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен. Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина“, напиша премиерот Мицкоски попладнево на Фејсбук.