More

    Мицкоски ќе стори сѐ за да ги реши проблемите на скопјани

    spot_img

    Сѐ што е потребно ќе направам само да се решат проблемите во главниот град кои им го отежнуваат, па и им го загрозуваат животот на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија по повод пуштање во употреба нова медицинска опрема во вредност од милион евра.

    Подготвен сум на секакво решение, додаде тој, но ако нема прогрес, тогаш ќе мора да делуваме радикално.

    – Сите гледате што се случува во главниот град. Се давиме во смет, расипани автобуси, дупки на улиците. Многу е лоша состојбата со главниот град и ние сакаме да помогнеме. Знаеме дека е лоша состојбата, но граѓаните чекаат да ја решиме проблематиката, затоа и нѐ бираа на изборите во мај. Сѐ што е потребно ќе направиме само да се решат проблемите. Сега функционираме во услови кои не личат на главен град на земја која е дел од НАТО и која претендира да биде дел од европското семејство. На секој чекор сум подготвен. Наскоро започнува новата учебна година, луѓето почнуваат да се враќаат од годишните одмори, па затоа мора градот да функционира нормално. Подготвен сум да разговарам со раководството на Град Скопје, подготвен сум на сѐ, ама ако гледам дека нема прогрес, тогаш ќе мора да делуваме радикално. Или, еве да се изразам со докторски речник: да не влегуваме многу инвазивно во приказната, па да мораме да навлеземе и во здравото. Туку, да се обидеме да го санираме тоа што може да се санира, а тоа најодбро се прави преку разговор, политика, дипломатија. Но, ако видиме дека нема напредок, ќе мора инвазивно да го решаваме проблемот – изјави Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img