More

    Мицкоски има амбиција да ја води најуспешната влада во последните 3 децении

    spot_img

    Мандатарот за идна влада, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека постојат четири столба на коишто се обединува идната владина коалиција.

    – Првиот и најважен е борбата против криминалот и корупцијата. Вториот е подобрување на стандардот на граѓаните, третиот е забрзување на процесот за евроинтеграции на Македонија како држава. Четвртиот е рамномерен развој и забрзување на процесот на децентрализација. Тоа се четирите столба во кои се обединува владината коалиција и планираме до нив да се држиме. За разлика од минатите 7 години планираме да бидеме исклучително успешни, поточно амбицираме да бидеме најуспешна влада во овие повеќе од три децении – рече Мицкоски, одговарајќи на прашањето кои од ветувањата на коалицијата „Вреди“ до граѓаните ги имаат прифатено за нивно вклучување во идната влада.

    Тој е убеден дека коалицирањето ќе биде успешно веќе од понеделник, при што најави дека доаѓаат убави денови за Македонија и за граѓаните, буквално за сите, без разлика на која етничка или верска припадност припаѓаат.

    – Нема да ги делиме граѓаните, бидејќи тие се нашата централна оска околу којашто сите ние ќе конвергираме и сѐ што е во интерес на граѓаните идната влада има намера да го води – рече Мицкоски.

    „Вреди“ во кампањата им ветуваше на гласачите дека од Уставот ќе бидат тргнати 20 проценти од граѓаните кои говорат албански јазик, избор на Претседател на државата во Собранието, затворање на казината, помош од 10.000 евра за семејствата, но Мицкоски не откри дали и кое од овие ветувања го има прифатено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img