More

    Мицкоски и Курти се согласија дека Македонија и Косово немаат несогласувања

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

    – Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да биде уште поголема, бидејќи тоа ќе ни донесе придобивки за двете земји – рече Мицкоски, објави државната Радио телевизија на Косово (РТК).

    Премиерот потенцира дека и потпишувањето на денешните договори кои се од областа на енергетиката, граничната и на економската област се во таа насока.

    – Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два. На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните – рече тој.

    Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.

    – Република Косово и Република Северна Македонија немаат несогласување. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат се посилни и посилни – потенцира Курти.

    Тој рече дека оваа средба доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

    Курти додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми, потенцирајќи го нивното целосно и прецизно спроведување.

    – Денеска ќе го унапредиме овој напредок со потпишување на два меморандуми и протокол во важни области како што се енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење – нагласи Курти.

    На дневен ред на денешната заедничка седница на двете влади е потпишувањето на повеќе билатерални договори од областа на трговијата, инфраструктурата, образованието и регионалната безбедност.

    Околу 13 часот и 45 минути ќе се одржи прес-конференција на која премиерите Мицкоски и Курти со јавноста ќе ги споделат резултатите и обврските преземени од денешната меѓувладина седница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img