Мицкоски го осуди нападот врз словачкиот премиер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Најостро го осудувам ужасниот обид за атентат врз премиерот на Словачка Република, Роберт Фицо. Ваквите чинови на насилство се напад врз демократските вредности кои ги негуваме, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи откако словачкиот премиер Роберт Фицо попладнево беше ранет во пукање по политички митинг и се наоѓа во животозагрозувачка состојба.
„Како што премиерот Фицо и неговото семејство минуваат низ ова тешко време, тие се во нашите мисли и молитви. Се солидарираме со оние посветени на принципите на законот и ред и повикуваме на брза, темелна истрага за изведување на сторителите“, напиша Мицкоски.
Дознаваме дека кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш, при што била изразена загриженост за здравствената состојба на премиерот на Словачка Роберт Фицо и неговото семејство.
Од кабинетот на Силјановска Давкова ја потврдуваат информацијата според која во разговорот со словачкиот амбасадор била изразена надеж за брзо закрепнување на Фицо и искрена поддршка за Словачка и граѓаните на оваа пријателска земја.
Share This Article