Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека имал состанок со носителите на изборните единици на кои било разговарано за коалицирањето и формирање на идна влада.
„Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место.
1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.
2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.
3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.
Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема. Грутката на ногата ќе исчезне без операција за 14 дена! Македонија ќе биде повторно твоја!“, напиша Мицкоски.