Мицкоски го честита празникот Свети Сава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската етничка заедница во Република Македонија им го честитам празникот Свети Сава, порача Христијан Мицкоски.

– Значењето на овој ден посветен на првиот српски архиепископ и просветител, за српската етничка заедница има огромно духовно и културно значење, и неговото чествување во Македонија е доказ за взаемната почит и меѓусебно разбирање меѓу граѓаните без оглед на нивните разлики. Толеранцијата и соживотот се вековна традиција која се негува во нашата заедничка Татковина. Токму довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Нивната лојалност е доказ за тоа како се придонесува и гради државата. Во исто време и тие како и сите останати граѓани ја споделуваат истата мака од секојдневието, лошиот стандард и живеачка. Во Македонија никогаш не се живеело толку лошо и толку сиромашно. Затоа се потребни промени и голема надеж. Промените доаѓаат и тие зависат од секој еден човек.Ви посакувам честит празник со желби за многу за здравје и среќа, но пред се желба за успеси и подобра иднина, која мораме заедно да ја градиме и за која мораме заедно да се бориме – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article