Ако на основачите на ВМРО им било важно да формираат македонска држава. На нас нивните следбеници важно ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех. На ВМРО-ДПМНЕ и на мене лично важно ни е Македонија да напредува и достигнува нови височини, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод да го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Мицкоски потсетува дека 23 Октомври е датум кој во нашата колективна меморија е врежан како датум кога за прв пат македонскиот народ се организирал во организација за борба за слободна и независна држава.
„Формирањето на Македонската револуционерна организација, кое подоцна ќе прерасне и во народот ќе остане запаметено како ВМРО е симболот на пркос на Македонецот, воден од желбата за подобро утре. И денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре, зошто политиките на власта удираат по темелите на општеството, ја разјадуваат државата и ги бркаат луѓето од своите домови во странство. Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред, да и кажеме не, на власта која не турка надолу, и да го реализираме сонот за просперитетна држава“, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.