More

    МИЦКОСКИ БАРА ЧАРЕ СТРУЈАТА ДА НЕ ПОСКАПИ ДРАСТИЧНО

    spot_img

    Мандатарот Христијан Мицкоски денеска во Собранието поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Според Мицкоски, со предлогот нема да се дозволи драматично зголемување на цената на електричната енергија.

    – Со овој предлог закон стандардот на граѓаните ќе биде заштитен и нема да се дозволи драматично зголемување на цената на електричната енергија. Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика домаќинствата кои се во првата и во втората група нема да добијат поголеми сметки. И за оние кои влегуваат во третата и во четвртата група зголемувањето на струјата да не биде значително туку да се движи помеѓу 1 или 2 процента – рече Мицкоски.

    Овој чекор може идната влада да го направи за граѓаните и со тоа да го заштити нивниот стандард. Тој потенцираше дека немаат намера да се мешаат во одлуките на Регулаторната комисија која е независно тело.

    – Повторувам дека нема да има зголемена електрична енергија за домаќинствата коишто ја добиваат од универзалниот снабдувач. Инаку цената на струјата се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената којашто за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената што за услугите ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената којашто за своите услуги ја наплаќа МЕМО и плус цената на самата електрична енергија. Тоа што слушнавме во јавноста дека цената која ја наплатува ЕСМ (ЕЛЕМ) да биде зголемена од 57 на 60 евра за мегават/час по одлука на сегашната влада – објасни мандатарот.

    Тој посочи дека поради ова се внимателни и не сакаат товарот да го понесат граѓаните на свој грб, како идна влада предвреме преземаат мерки зголемувањето на цената на струјата да не се случи.

    – Сите овие четири собирока на крајот се множат со коефициентот 1,115, бидејќи тоа е старата маржа со којашто универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5 проценти. Откако истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Ние со ова дополнување на законот бидејќи станува збор за старо-нов снабдувач и да ги скратиме процедурите за нова регистрација, па Регулаторната комисија само да му ја продолжи важноста на лиценцата. Тоа значи наместо маржата од 11,6 проценти на граѓаните ќе им се наплаќа маржа од 9,9 проценти со што нема да се зголеми цената – рече Мицкоски.

    Идниот премиер упати порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби. Односно при набавката на струјата да се води првично од интересите на граѓаните. А дури потоа да направи вистинска оптимизација за своето портфолио и да не набавува количина на електрична енергија кои нема да бидат потребни. Туку да се држи до пристапот кој ќе биде чесен, одговорен и пред сè инспиративен за граѓаните.

    – Доколку овие две работи се случат и ова дополнување на законот биде изгласано, маржата ќе биде намалена на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за струја. Ние сакаме да бидеме одговорна влада и влада на којашто главен интерес ќе бидат граѓаните, па така додека сè уште официјално не сме влада ќе дејствуваме заштитнички – изјави Мицкоски.

    Тој најави дека во следните 6 месеци ќе направат сè за да го реорганизираат енергетскиот сектор во Македонија и во следниот регулационен период од 1 јануари до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија. Исто така и индустријата која е на регулираниот пазар да добие поевтина електрична енергија и со тоа да се очекува инфлацијата да биде задушена, односно цените да се намалуваат, наместо да се качуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img