More

    Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, во интервју за емисијата „Аргумент+“ вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на Томос, се неприфатливи

    spot_img

    Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, во интервју за емисијата „Аргумент+“ вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на Томос, се неприфатливи.

    – Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, тие на пленарна седница на Синодот досега два пати застанале зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни – рече владиката Петар.

    Владиката Петар говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува МПЦ-ОА туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ-ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img