More

    Мистериозните „пресретнувачи“ на МВР ги бркаат „брзите и бесните“

    spot_img

    Жител на Липково денеска бил санкциониран откако возиле дури три пати повеќе од дозволеното во средина каде што максималната брзина е 50 километри на час.

    Имено, како што пренесуваат од МВР денеска околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково.

    – Во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час“, информираат од МВР.

    Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img