Мистериозна смрт на руски спортист, пронајдено тело во воз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот ММА борец Георги Гаглоев е пронајден мртов во вагонот на возот што сообраќал меѓу Москва и Владикавказ.

Гаглојев имал само 25 години, а можно е смртта да била и насилна. Неговото тело било откриено дури кога возот застанал во Ростов на Дон.

Рускиот борец е роден во Осетија, а во текот на кариерата имаше четири борби во кафез. Неговиот скор е само 1-3, а последен пат во рингот беше во март 2021 година, кога се натпреваруваше на турнирот „Олд гард фајтер клуб“.

Гаглоев беше познат и по тоа што апелираше до чеченскиот лидер Рамзан Кадиров да му помогне да ја најде тетка му.

„Спорт експрес“ наведува дека Гаглоев своевремено бил локален шампион на Северна Осетија во борење слободен стил и борба од рака, а набрзо се префрлил на ММА.

Гаглојев во текот на животот веќе имал проблеми со законот, но неговата смрт ќе остане мистерија до завршување на истрагата.

 

Share This Article