Околу 95 ученички во западна Кенија се хоспитализирани поради мистериозна болест, што доведе до затворање на училиштата на неодредено време.Официјалните лица рекоа дека 95 ученици во женското средно училиште, лоцирано на 374 километри северозападно од Најроби, се хоспитализирани поради болест што ја погодила институцијата. Се уште не е познато за каква болест се работи.
Според извештаите на локалните медиуми, ученичките наводно боледуваат од болест која им ги парализирала нозете, поради што повеќето од нив не можат да одат.
Одлуката за затворање на училиштето е донесена по средбата меѓу управата на училиштето и претставници од Министерството за образование.
Од училиштето соопштија дека на стотици погодени ученици ќе им биде дозволено да се вратат на училиште откако внимателно ќе се процени ситуацијата и ќе се преземат потребните мерки.
Точната природа на мистериозната болест е непозната, но здравствените власти рекоа дека примероците од крв од погодените ученички се испратени во лабораториите на Кенискиот медицински истражувачки институт (КЕМРИ) за да се утврди природата и потеклото на болеста и да се развијат соодветни протоколи за лекување.
Тие ги повикаа родителите на ученичките да бидат внимателни и внимателно да го следат здравјето на нивните деца, бидејќи здравствените власти работат на откривање на причината за болеста.