More

    Мисијата на ДУИ пропадна, вели Меџити

    spot_img

    Тројца-четворица пратеници од Коалицијата Европски фронт со една нога се во власта, изјави Изет Меџити, лидер на Демократско движење, партија која е дел од коалицијата Вреди, синоќа во интервју за A2 Си-Ен-Ен (А2 CNN).

    Според него, ДУИ го формирала Европскиот фронт за да опстане како фактор на политичката сцена.

    – Европскиот фронт не го обедини ниту идеологијата, ниту програмата, туку за да опстанат тие партии.  Сега, кога е јасно дека нема да бидат во власта, мисијата е пропадната и започнува распаѓањето на Европскиот фронт. Така што веќе можам да кажам дека од тие 18 пратеници што ги доби овој Фронт, тројца – четворица со една нога се дел од новото мнозинство. Сега нема да ги кажам нивните имиња, но таму има две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција. Тие секако дека се гледаат себе си во идната влада. Има и некои други пратеници кои се со Ахмети, кои во минатото се тепале и се убивале меѓу себе, предизвикувале жртви кај Албанците и тешки последици. Заедно се засега, беа здружени за да опстанат. Но, мисијата на Европски фронт е пропадната – рече Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img