Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по повод 27-годишнината од геноцидот во Сребреница изјави дека оваа „трагична годишнина“ е потсетник дека заедничката работа за мир во Европа мора да продолжи.
Мишел на Твитер напиша дека денеска се навршуваат 27 години од геноцидот во Сребреница, „еден од најтемните моменти во модерната европска историја“ и дека нашите срца и мисли се со жртвите и нивните семејства.„Оваа трагична годишнина е и потсетник дека мора да продолжиме да работиме заедно за мир во Европа и Украина да стане дел од Европската унија“, додаде тој со приложената слика на плочата со имињата на жртвите од Сребреница.