More

    Министрите од Литванија, Летонија и Естонија нема да дојдат на самитот на ОБСЕ во Скопје

    spot_img

    По најавата на украинскиот шеф на дипломатијата дека нема да присуствува на самитот на ОБСЕ во Скопје поради присуството на рускиот министер за надворешни работи, денеска тоа го сторија и министрите за надворешни работи на балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија.

    „Местото на (Сергеј) Лавров е во специјалниот трибунал, а не на масата на ОБСЕ“, рече шефот на дипломатијата на Естонија, Маргус Цахна, се вели во написот на естонското МНР.

    „ОБСЕ првично беше дизајниран да ја изгради европската безбедност, да спречи конфликти и да го зачува мирот. А, Русија, со своите незаконски и ѕверски дејствија, постојано докажува дека не е безбедносен партнер на Европа. Всушност, денес на Европа ѝ е потребна безбедност од и против Русија, наместо заедно со неа“, се додава во текстот.
    „Затоа ние, министрите за надворешни работи на балтичките земји, решивме да не присуствуваме на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Остануваме подготвени да работиме со партнерите и земјите-учеснички во поддржувањето на принципите на ОБСЕ и против руската агресија и идеологијата зад неа“, се наведува во соопштението.

    Според трите земји „министрите одлучија да не присуствуваат на состанокот, имајќи предвид дека присуството на Лавров ризикува да го легитимира агресорот – Русија, како полноправна членка на нашата заедница на слободни нации“.

    Претходно украинското Министерство за надворешни работи обзнани дека шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба нема да присуствува на самитот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img