Министерството за внатрешни работи на Косово испраќа СМС пораки до Србите во Косово за пререгистрација, пред истекот на рокот што го постави Владата на Косово.
Досега се регистрирани 12 од околу 9.000 возила кои имаат таблички со ознаки на градови во Косово издадени од српскиот МУП.
Граѓаните кои се јавија во редакцијата N1 добија пораки на броевите на мобилниот оператор Ипко.
Во пораката се вели: „Регистрирајте ги вашите возила во РКС, со финансиски и процедурални поволности до 31.10.2022 година. Секаде, без разлика каде живеете“.